Холивуд го бојкотира: По скандалот со Амбер кариерата на Џони Деп „тоне“
Холивудскиот актер Џони Деп откри дека се соочил со бројни потешкотии и бариери во кариерата поради проблеми со поранешната сопруга Амбер Херд, која претходно го обвини за семејно насилство.
Деп изјавил како Холивуд се однесува кон него по сите семејни проблеми и призна дека последиците од истото влијаеле врз неговата кариера. Една од причините зошто тој не е толку активен во бизнисот како порано е тоа што не добивал понуди како порано за нови улоги.
Во уште една правна битка закажана за следниот април, тој ја тужи поранешната сопруга Амбер Херд за клевета од 50 милиони американски долари, која произлезе од нејзиниот коментар за „Вашингтон пост“ во 2018 година за домашно насилство од страна 58-годишниот глумец.
Откако минатата есен го загуби случајот за клевета, Деп објави и дека од него е „побарано да поднесе оставка“ од франшизата „Фантастични ѕверки“ – данскиот актер Мадс Микелсен го замени на неговото место како Гринделволд.
Како што пишува „Тајмс“, новиот филм на Деп – „Минамата“ нема да излезе во САД. Режисерот Ендрју Левитас го обвини дистрибутерот „МГМ“ дека подлегнал на притисокот и дека „личните прашања на глумецот не треба негативно да се одразат врз филмот“.
– Филмовите ги засегаат луѓето. И, ова влијае на сите оние што работеа на „Минамата“ и слични работи. И Холивуд ме бојкотира – мене? Еден човек, еден актер во непријатна и неуредна ситуација, која трае неколку години?, вели Деп.
Според него тоа е „апсурдна медиумската математика“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа