Хари и Меган слават три години брак: Што си поклонуваат секоја година?
Меган Маркл и принцот Хари се венчаа на денешен ден пред три години.
Секоја година на 19 мај меѓусебно си поклонуваат традиционални дарови за годишницата од бракот. Првата година подароците беа поврзани со хартија, а Меган тогаш го испиша свадбениот говор и во рамка му го поклонила на Хари, пишува Пипл.
Втората година, троцијата наложува дека поклоните мора да бидат поврзани со памук.
-Памучните испреплетени нити симболизираат длабока поврзаност која доаѓа со времето, пишува на интернет страницата за свадби, „The Knot“.
Традиционалниот поклон за третата годишница е предмет од животинска кожа, како симбол на нешто што станува сѐ подобро со годините.
Меган и Хари својата годишнина ја поминуваат како семејство, мирно и во друштво на синот Арчи. Оваа година една причина повеќе за славје е девојчето кое очекуваат да се роди летово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа