„Го победив туморот“: Младиот македонскиот јутјубер со емотивно видео

 

Еден од најпознатите македонски јутјубери, Стефанатор го победи туморот. Тој објави видео во кое ја соопшти оваа вест.

Пред речиси една година  дознал дека има тумор на тестиси. Оттогаш досега имал две операции и неколку циклуси хемотерапија.

„Изгледа кончено заврши овој хорор и се чувствувам како сега, во моментов, да ми почнува некој си втор живот“ – вели младиот јутјубер, потенцирајќи дека сега ќе може повторно да се врати со полна пареа на креирањето на содржини.

„Сакам да им дадам поддршка на сите што во моментов поминуваат низ ова, и полесно од моето и потешко од моето… Мислам дека најдобриот совет што можам да ви го дадам е да работите многу на вашата психа и да гледате да останеше што е можно психички здрави и да не се давате. Да се опкружите само со позитивни луѓе, со позитивни работи да не гледате толку лошо во ова лошо. Да пробате да го игнорирате колку-толку и да се молите дека ќе си помине и дека е само еден лош период што е тука за да ве направи вас многу посилни“ – сподели тој и им се заблагодари на сите за огромната поддршка која ја добивал.

 

08.06.2021 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега