Го чистат црниот дроб од токсини и го забрзуваат метаболизмот: Овие намирници се покорисни од многу лекови

 

Сè што внесуваме во организмот мора да помине низ црниот дроб, па така тој е орган кој најмногу трпи.

Тој со својата работа го штити телoто, а лошите прехранбени продукти и навики може значително да ја нарушат неговата моќ.

Мрсната и пржена храна, нездрави пијалаци, алкохол и лекови - главните непријатели на црниот дроб.

Постои начин на кој црниoт дроб може да се прочисти. Некои намирници се одлични по тоа прашање.

Овие намирници го чистат црниот дроб:

Лук - го поттикнува создавањето ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли сите токсини.

Цитруси - богати со витамин Ц, цитрусите се моќен антиоксидант кој помага црниот дроб да апсорбира штетни елементи.

Цвекло - богато со флавоноиди, ја стимулира работата на црниот дроб и ја подобрува неговата работа.

Зелен чај - состојката катехин која ја има овој чај е богат и моќен антиоксидант кој го чисти организмот.

Ананас - изобилува со витамин Ц, па делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсини.

Нане - лисјата нане се богати со флавоноиди кои делуваат како моќен антиоксидант.

Ѓумбир - моќен антиоксидант кој го забрзува метаболизмот и помага при исфрлање на маснотии од телото.

Ореви - содржат голема количина на омега-3 масни киселини и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација

Зелка - баш како и брокулите и карфиолот, зелката делува на ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат неговата работа. 

29.08.2021 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега