ФОТО: "Украл 150 кебапи и добил 3 години затвор, а за прегазената Теодора 2"
Лавина рекации предизвика пресудата која вчера ја донесе Судот во Тетово, за случајот со 22-годишната Теодора Ристевска која беше прегазена и усмртена во септември 2022 од страна на Менсур Пајазити.
Судот на вчерашното рочиште донесе одлука обвинетиот Менсур Пајазити, да добие двегодишна казна за смртта на младата Теодора.
Пост од Ина Многуфина вели "Три години затвор оти украл 150 кебапи", додека за прегазена девојка казната е 2.
По одлуката се огласи и Ана Костадиновска која настапуваше заедно со бендот ДНК кобната ноќ на 16. март и ја преживеа трагедијата.
Росица Кулакова, сестрата на прегазената Фросина Кулакова, се огласи на Фејсбук по пресудата за смртта на младата прегазена Теодора Ристевска.
- Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба да ја судат? Се додека чекаме вакви луѓе да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело. Правда за Теодора!, напиша Росица.
Следеа и други реакции на социјалните мрежи:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа