ФОТО: Пожарникари го сечеле возилото да ги извадат загинатите - Страшна несреќа го потресе регионот
Страотна несреќа го потресе регионот кога вчера две лица загинаа при директен судир на камион и автомобил во Србија.
Како што пренесуваат српските медиуми, тешката сообраќајна несреќа се случила на 15. април во 17 часот на патот Нови Сад-Бачка Паланка. Според неофицијалните информации, возач на автомобил прешол во спротивната трака на коловозот и директно удрил во камион на патот, управуван од турски државјанин.
Камионот ја пробил заштитната ограда на патот и предниот дел му е целосно уништен, додека автомобилот бил целосно смачкан.
Најверојатно возачот на автомобилот марка "Шкода Фабија", заспал зад воланот. Починал на лице место, а за жал починала и жена која била во возилото. Засега нивниот идентитет не се открива.
На лице место веднаш дошла полиција, Брза помош и пожарникари, кои го сечеле возилото да ги извадат жртвите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа