ФОТО: Пораснаа во вредни и убави момчиња - синовите на Глоговац се негова копија
Легендарниот српски актер Небојша Глоговац, кој почина во 2018 година, беше татко на три деца - со првата сопруга, сликарката Мина ги доби синовите Гаврил и Милош, додека со другата сопруга Милица ја доби ќерката Сунчица.
Покојниот актер своите деца не ги ескпонираше, но беше многу горд татко.
Синовите денес пораснаа во вредни момчиња, а мајката Мина им е голема поддршка и потпора.
Постариот син, Гаврил живее далеку од очите на јавноста и за него многу малку се знае.
Од друга страна, помладиот Милош, јавноста своевремено го запозна како водител на емисијата „Кување грување“ и тоа кога имаше само 15 години. Милош заврши Петта гимназија, а потоа одлучи да тргне по стапките на татко му. Запиша Факултет за драмски уметности, но се одлучи за режија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа