Филипче за ТВ Клан:Власта нема концепт, најдобро решение е нов Клинички центар
Претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија, посочи дека ВМРО ДПМНЕ не го исполни и ветувањето за изградба на Клиничкиот центар што го ветуваа пред избори. Наместо нов Клинички центар, како што рече Филипче, сега од позиција на власт ретерираат и сега со планот Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје да стане регионален центар, нудат решение кое што не преставува реформа во здравството и нема да придонесе за подобрување на здравствените услуги.
„Тоа е еден пребукиран центар, една пребукирана болница. Се што направиле го зголемиле буџетот за една одредена сума пари. Одделението за Онкологија најавиле дека ќе работи и добро е да работи, треба растеретување на делот во Клиниички центар. Но сметам дека апсолутно никаков дополнителен квалитет на услугата нема да се добие, нема да бидат пациентите среќни, нема да се скратат листите на чекање. Ова не е вистинска реформа во здравството. Оваа инфратсруктура како концепт е веќе надминат не може да се даде дополнителен квалитет на здравствена услуга.Гледате како лесно Владата зема кредити од Унгарија договорени така лесно, кој знае како, нека земат еден кредит и за изградба Клинички центар“, рече Филипче.
Во интервјуто Филипче посочи дека најдобро решение за квалитетна здравствена услуга и вистинска реформа е изградба на Клинички центар. При тоа посочи дека за време на неговиот мандат како министер за здравство понудил проект за кој што повикал координатор на проектот да биде парламентарна пратеничка група водена од ВМРО ДПМНЕ.
„Вистинска реформа во здравството, треба нова инфрастрктура нов клинички центар каде што ќе се даде интегрирана здравствена услуга.Јас за време на мојот мандат како министер за здравство го понудив проектот за Клинички центар да го работиме заедно. Не се договоривме, ама ние го поудивме. Понатаму доворивме да биде координатор на целокупниот проект парламентарна група на пратеници која што ќе биде водена од ВМРО ДПМНЕ како тогашна опозиција. Е тоа е конструктивен предлог. Тогаш да го почневме првиот од трите блока, ќе беше готов, ќе направевме чекор напред. Има работи во кои видовме дека партизацијата не носи никаква бенефит“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
06.02.2025 - 22:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа