„Фамозното“ интервју на Опра со принцот Хари и Меган номинирано за „Еми“
„Фамозното“ интервју на војводата и војвотката од Сасекс со Опра Винфри, кое се емитувало на „CBS“ во март е номинирано во категоријата „Најдобро одржана нефикционална емисија или Специјална категорија“. Хари и Меган не биле номинирани лично, но Винфри и продуцентите на емисијата (Тара Монтгомери, Тери Вуд, Брајан Пјотрович, Бред Павоне, Линдзи Фледер) се, пренесува „Harper’s Bazaar“.
Долгоочекуваното интервју, што го обележало првиот јавен и искрен разговор на парот за нивните искуства во кралската институција, го следеле најмалку 17,1 милиони гледачи и станало жешка тема на дискусија со денови.
Во нивната категорија за „Еми“ награда, Хари, Меган и Опра се натпреваруваат против „Мојот следен гостин нема потреба од вовед со Дејвид Летерман“, „Стенли Тучи: Барање на Италија“, „Обединети нијанси на Америка со В. Камау Бел“ и „Вајс“.
Ова ја обележува 10-тата „Еми“ номинација за Винфри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа