Eвропскиот суд пресуди дека Французинката не е виновна затоа што одбивала интимни односи со сопругот
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди во корист на Французинка чиј сопруг доби развод на основа на тоа што ја обвини сопругата дека одбила да има сексуални односи со него, објавија денеска медиумите.
Како што пресуди судот во Стразбур, жената која одбивала да има интимни односи со својот сопруг не треба да се смета за виновна на суд во случај на развод, објави Гардијан.
ЕСЧП пресуди против Франција за одлуката да се одобри развод поради наведената причина.
Европскиот суд за човекови права едногласно заклучи дека правата на 69-годишната жена, чие име не беше наведено, се повредени според Европската конвенција за човекови права.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа