Емили Хемшир на Тиндер запознала момче па отишла на состанок- ова искуство брзо се претворило во катастрофа
Актерката Емили Чемпшир откри дека првпат се пријавила на Тиндер, апликација за запознавање нови луѓе, откако се развела од сопругот Метју Смит, но ова искуство брзо се претворило во тотална катастрофа.
„Бев свежо разведена и веројатно не бев подготвена да излегувам. ‘Тиндер’ штотуку се појави, па почнав да разгледувам. И таму видов еден човек кој изгледаше фино, нормално, а не како сериски убиец Значи, ова важи за сите полиња: провери, провери, провери,“ рече Емили во разговор со „Ју-ес викли“.
Sвездата на Schitt’s Creek („Шитс Крик“) разменила бројни пораки со својот „дејт“ пред нивната прва средба лице в лице.
Меѓутоа, Емили (39) ја совадале нервите додека се подготвувала за своето вечерно излегување.
„Не се сеќавам што точно облеков затоа што моето сеќавање се обидува да ја блокира оваа трауматска ноќ надвор од мојата меморија, само памтам дека ставив тесни фармерки и чевли со високи потпетици.“
Откако седнале на маса, Емили се расплакала и додека човекот се обидувал да ја смири, нејзината шминка целосно се размачкала и делови од неа завршиле на неговата кошула.
“Тој се насмеа кога голем меур излезе од мојот нос и ме прегрна. Кога го стори тоа, јас оставив отпечаток од џокерското лице на неговата чиста бела кошула”.
Емили призна дека рандевуто било тотална катастрофа и таа се смета за виновна за тоа. „Најлошиот дел од овој најлош состанок сум јас“.
И покрај ова, Емили останала во контакт со момчето и тие сега се добри пријатели.„До денес, ова е години подоцна, ние се смееме за меурот од носот. Мојот прв дејт на Тиндер, Ари, сè уште е мој драг пријател”.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа