Експлозија на гас во станбена зграда во Русија: Евакуирани се 54 лица, има повредени

 


Во рускиот град Белореченск во Краснодарската област дошло до експлозија на гас во станбена зграда, а според прелиминарните податоци пет лица се повредени, од кои две се хоспитализирани, соопштија руските власти.

Од објектот се евакуирани 54 лица, од кои 12 се деца, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, пренесува Интерфакс.


Како што се наведува во соопштението, од експлозијата се урнал таванот меѓу 4 и 5 кат на еден од влезовите.

Според руската агенција, 67 спасувачи биле ангажирани во отстранување на последиците од вонредната ситуација.

05.03.2025 - 09:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега