Дунавка и Ване повторно заедно откако се разделија пред еден месец (ФОТО)
Поранешната манекенка Дунавка Трифуновска и ексдиректорот на финансовата полицијата Ване Цветанов повторно се заедно откако се разделија по само пет месеци брак.
Дунавка денеска објави фотографија од Охрид со која соопшти дека двајцата се заедно.
Парот се раздели јавно, преку Фејсбук. Ване Цветанов тврдеше дека причината биле работните обврски. Дунавка, пак, како проблем за разделабата кажа дека Ване бил „како мама каже“.
14.07.2021 - 21:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа