Директорка на училиште во Свети Николе местела вработување, го оштетила буџетот за над 170.000 денари
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.М.(56) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, директор на средно училиште во Свети Николе, распишала оглас и на 05.09.2024 вработила лице како наставник со неполно работно време од 18 работни часови.
После тоа, во периодот од септември 2024 до март 2025, пријавената од пет вработени на неопределено работно време одзела часови по норматив и ги доделила на лицето.
Со ваквите дејствија незаконски му исплатила плата со придонеси во вкупен износ од 174.805 денари оштетувајќи го Буџетот на Министерството за образование и наука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа