Автомобил излета од патот Стража – Гостивар, загина жена

Утрово во 08.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Стража – Гостивар, патничко возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(74) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, Л.А. починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

18.07.2024 - 17:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега