Апсење во скопски Карпош - падна дилер од Штип

 

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, кај кого  биле најдени половина килограм бела грутчеста материја и марихуана.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, дрогата била откриена и одземена вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош.

-По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

16.02.2025 - 10:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега