Ако помисливте дека се работи за дете грешите- Хасбула или Мини Кабиб има 18 години (ВИДЕО)

 

Ако во последните неколку денови барем една минута сте поминале на Инстаграм, ТикТок или Твитер, тогаш сигурно сте го виделе лицето на 18-годишниот блогер Хасбула Магомедов.

Хасбула или Мини Кабиб, како што уште го нарекуваат, на социјалните мрежи е активен од минатата година, но последните неколку недели стана хит, благодарение на ТикТок.

Неговата популарност моментално е толку голема, што Јутјуберот Логан Паул својата борба против Флојд Мејватер ја посветил токму на Хасбула.

Хасбула е роден со генетско пореметување (иако официјално не е потврдено, се смета дека станува збор за џуџест раст), поради кое му е запрено растењето на рана возраст. Има 18 години и тежи 16 килограми, а висок е околу 106 сантиметри. Доаѓа од рускиот град Махачкала, од каде што е и борецот Кабиб Нурмагомедов.

Хасбула поради видеата во кои го имитира славниот борец, добил прекар Мини Кабиб и стекнал популарност во ММА заедницата. Кабибовото УФЦ мерење го рекрирал со уште еден руски блогер со пореметување во растот, Абду Розик, и привлече внимание на социјалните мрежи.

Таа објава станала толку популарна што странските медиуми сега пишуваат дека чеченскиот ММА-борец, Аксаб Тамаев наводно организира борба помеѓу Хасбула и Абду, што предизвика загриженост кај руската атлетска асоцијација на лица со џуџест раст.

Лидерот на асоцијацијата, Улиана Подпалнаја, намерата за организирање ваква борба ја нарекла 'неетичка и погрешна'.

08.06.2021 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега