Жител на Чаир ја претепал сопругата, бил агресивен и кон полицајците кои дошле да го апсат

 

53-годишен скопјанец од населбата Чаир вчера ја претепал сопругата, по што бил агресивен и кон полицајците кои биле повикани да интервенираат, соопшти МВР.

„Вчера во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(53) од Скопје. Тој во семејниот дом физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

10.12.2024 - 21:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега