Жена жртва на двојна измама: Охриѓанец и украл 150.000 денари претставувајќи се како агент за помош на жртви на измами
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
- На 16.09.2024, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка.
По ова, таа подигнала кредит од 200.000 денари, од кои 150.000 денари ги уплатила на трансакциска сметка на пријавениот, известија од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа