ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат одговорност на дело кон највозрасната категорија на граѓани. Во првата недела од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари на сите пензионери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари, односно најниската пензија од септември ќе биде 15.600 денари, додека пак просечната пензија ќе ја надмине минималната плата во државата. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат веќе во септември, а другото покачување од истиот износ ќе го добијат во март следната година. Животниот стандард и квалитетен живот на пензионерите и сите граѓани се приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вети, ВМРО-ДПМНЕ реализира. Пензионерите заслужуваат мирен и достоинствен живот“, велат од партијата.

30.06.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега