(ВИДЕО) Одекнуваат експлозии, Русија масивно ја нападна Украина

 


Русија утринава погоди објект на цивилна инфраструктура и станбена зграда во Харков при голем напад на Украина, а засега е познато дека се повредени пет лица, објави градоначалникот на градот Игор Терехов.

Според Терехов, на местото на ударот избувнал пожар, пренесува Укринформ.

„Оштетена е и блиската станбена зграда. Од неа се евакуираат сите жители“, додаде градоначалникот.

Во Харков утринава се слушнале две експлозии за време на тревога за воздушен напад.

Во Тернопилската област се забележани и руски ракетни напади врз важен индустриски објект, објави шефот на регионалната воена управа во Тернопил, Вјачеслав Негода.

„Како резултат на ноќен непријателски напад во регионот Тернопил, проектили погодија важен индустриски објект. Можни се ограничувања на снабдувањето со гас. Силите за противвоздушна одбрана го соборија непријателскиот проектил“, се вели во извештајот.

Тој додаде дека нема повредени и дека надлежните служби ги отстрануваат последиците.

Русија утринава лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Црното Море и ударни беспилотни летала, а во Украина беше прогласена голема воздушна тревога, објави Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина на Телеграм.

07.03.2025 - 09:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега