ВИДЕО: И јахтата на бившиот на Северина изгоре на Јадран

 

И јахтата на познатиот српски бизнисмен Милан Поповиќ, познат и како поранешен сопруг на пејачката Северина, изгоре во големиот пожар кој проголта повеќе од пет бродови во марината Каштел Гомилица во Хрватска.

Поповиќ за хрватските медиуми потврди дека јахтата изгорела во пожар во Каштел.

– Да, и мојата јахта изгоре – изјави Поповиќ за порталот 24 Сата.

Во марината Каштел Гомилица во Хрватска се наоѓаат најскапите бродови и јахти. Уништени се неколку бродови, два потонале, а пет се уништени.

Пожарникарите се бореле со пожарот скоро два часа. Се слушале експлозии по што настанал голем пламен.

Северина има син со Поповиќ.

31.05.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега