Уште една жртва на играта Супермен: Тешко повредено 8-годишно дете
Во СВР Скопје, вчера во 13 часот Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на часовите, во близина на основното училиште во с.Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците.
Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Инаку, поради „играта“ „Супермен челинџ“ која е актуелна на Тик-Ток, вчера средношколец во училиштето „Михајло Пупин“ заврши во болница.
Во „играта“, ученикот во втора година во училиштето, вчера на големиот одмор паднал и се онесвестил, по што завршил на снимање во Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Дека оваа игра/предизвик е „тренд“ секаде потврдува и фактот оти со фрактури и повреди се здобиваат и деца во земјите во регионот. Низ повеќе држави во светот досега повеќе пати интервенирале медицински тимови.
Предизвикот е следен- група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа