Уапсени разбојници од Арачиново: Со закана одзеле пари и мобилен телефон
Вчера во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Н.(22) и С.Б.(27), двајцата од с.Арачиново, скопско, затоа што на 08.12.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба со закана од М.Н.(31) од Скопје одзеле пари и мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
10.12.2024 - 15:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа