Телма: Четворица македонски државјани уапсени на Косово - еден од нив е Агим Красниќи

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени четворица државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница.

Телма дознава дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи кои се сега во притвор.

Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница.

Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.

Полициски единици вчера околу полноќ запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац, при што при контрола и преглед на автомобилот биле пронајдени три пиштоли и одредена количина муниција.

Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.

-По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението, пренесува

04.05.2024 - 20:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега