„Таа нема милост“: Сурови зборови на принцот Вилијам за Меган Маркл кои долго ќе останат запаметени

 

Без оглед на тоа што во јавноста речиси секогаш е смирен, во една прилика тој изгубил контрола, а неговите зборови нималку не биле „нежни“.

Принцот Хари пристигнал во Лондон за да присуствува на откривањето на статуата на принцезата Дајана пo повод нејзиниот 60-ти роденден кој би го прославила на 1 јули.

Истовремено, многумина се надеваат дека ова ќе биде една од поголемите прилики за принцот да ги обнови односите со својот брат, принцот Вилијам.

Многумина се трудат околу создавањето на соодветен терен на кој браќата ќе можат да се смират и повторно да се зближат, но можно е и тоа да не се случи.

Како што пренесува „Daily Mail“, Вилијам и Хари на погребот на принцот Филип се однесувале пристојно пред камерите, но зад затворените врати влегле во конфликт и наводно меѓусебно се навредувале.

Се дознало и дека Вилијам нема баш најдобро мислење за Мeган Маркл, сопругата на Хари.

Како што открил таблоидот, извор од дворецот кажал дека Вилијам во една прилика бил прилично остaр и без влакна на јазикот кога станувало збор за Меган:

„Погледнете како таа проклета жена ги третира моите вработени, нема милост“, изјавил тогаш принцот.

Некој пријател на Хари за Меган изјавил дека е „кошмар“ и дека со неа „ПР-от никогаш не престанува“.

Инаку, додека Хари е во Велика Британија, Меган останала во Америка со синот Арчи и бебето Лилибет. 

29.06.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега