Ставете го ова кај вратите и прозорите - смрдливките повеќе нема да се доближат до вашиот дом

 

При првите ладни денови, смрдливките се во потрага по топли и суви места каде што можат да се засолнат, па затоа влегуваат во нашите домови за да ја пребродат зимата.

Во куќите и становите влегуваат низ пукнатините од фасадата или секој простор кој не е добро изолиран, па првото нешто што треба да го направите за да го спречите нивното влегување во вашиот дом, е да ги поправите сите надворешни оштетувања.

Градинарите знаат трик со раствор од сода бикарбона во вода, со која ги прскаат билките, а народно верување е дека смрдливките бегаат од мирисот на лук и нане, па затоа овие намирници треба да се постават на влезните врати, прозорци и други места низ кои досадните бубачки можат да пројдат.

Друга, можеби подобра варијанта е во вода да ставите неколку капки етерично масло од нане и од надворешната страна да ги испрскате прозорците, влезната и балконската врата.

Кога ќе најдете смрдливка во вашиот дом

Никако не ја убивајте и не ѝ се плашете, бидејќи кога ќе се почувствуваат загрозено, смрдливките испуштаат одвратен мирис. Не ги допирајте со раце, туку земете хартија или ракавици, нежно соберете ја и фрлете ја надвор или во веце школката.

16.09.2021 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега