Соработник на принцезата Дајана открива: Сакала со синовите да се пресели и да работи во Холивуд

 

На годишницата од смртта на Лејди Ди нејзиниот близок соработник и вокален тренер, Стјуард Пирс откри дека принцезата имала голема желба да се пресели во Калифорнија, поточно во Малибу, со своите синови, принцовите Хари и Вилијам, како и оти сакала да се проба во светот на филмовите.

Таму, вели Пирс, сакала да живее со своите синови партнерот Доди Фајед. Додава дека пред смртта тајно почнала да гради кариера во Холивуд. Не сакала да биде актерка, туку да се занимава со работи зад камерата.

-Во глава имаше низа големи проекти. Но, најголема желба ѝ беше да работи на документарни филмови и планираше многу време да помине во Холивд. Почна да ја користи својата креативна моќ, вели Пирс.

Дијана се спријателила со продуцентот Давид Путнам кој ѝ помагал да дојде до работни врски во Холивуд.

-Давид ја упати со бројни луѓе со кои требаше да контактира есента во 1997 година, но тие состаноци, за жал, не се одржаа, тврди блискиот соработник на Дајана.

Наводно ѝ била понудена улога во продолжението од филмот „Телохранител“, но тоа не ја интересирало.

01.09.2021 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега