Соиграч на Кристијано Роналдо открива детали: „Тој постојано ги јаде овие 3 намирници, а на терен е ѕвер“
Белгиецот Дауда Питерс, зборувал за американски „NHL“ за посветеноста на Кристијано Роналдо на неговата исхрана и тренинзите, па открил дека тој јаде само три јадења.
Белгискиот фудбалер, инаку соиграч на Роналдо во ФК Јувентус, ја открил тајната на Роналдо на неговиот совршен изглед.
„Секогаш го јаде истото. Брокули, пилешко месо и ориз. Пие многу литри вода, нема Кока-Кола“, открил Питерс, а Португалецот тоа го докажа кога на конференцијата за медиуми од масата го турна шишето со газиран пијалак.
Белгиецот опишал и како Роналдо им пристапува на тренинзите и натпреварите.
„Кристијано секогаш сака да победува, и секаде. Тој ги тера младите играчи да се развиваат. Вежбите за стомак не ги прави поради суета, туку поради тоа што телото го гледа како инструмент за работа“, открил младиот Белгиец, па додал:
„Роналдо не стои постојано пред огледало. Тој нема време за тоа. Кога е во клубот, главно само тренира. Тој навистина живее за својата работа. Многу драго момче е, но истовремено и фудбалот го сфаќа сериозно. Во автобус не зборува за ништо друго, ќе биде мотивиран против Белгија“, заклучил Питерс.
Инаку, Кристијано Роналдо моментално е најдобриот стрелец на Европското првенство со пет постигнати голови.
Во осминафиналето Португалија ќе игра против Белгија, а натпреварот ќе се одржи в недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа