Сѐ е испланирани уште отсега: Следната година четиридневно славје за јубилејот на кралицата Елизабета

 

Велика Британија следната година ќе прослави седум децении владеење на кралицата Елизабета втора со четиридневна свеченост која ќе почне со свечена роденденска парада на 2 јуни 2022 година.

Бакингемската палата го објави распоредот на случувања и активности по повод одбележувањето на јубилејот на 95-годишната кралица следната година.

Прославата ќе започне со пара од повеќе од 1.400 војници кои ќе го одбележат официјалниот роденден на кралицата.

Во катедралата Свети Павле ќе биде одржана служба во знак на благодарност за нејзината 70-годишна служба.

Ќе биде одржан и концерт под името „Платинумска забава во палата“ во која, како што велат од Бакигемската палата, ќе настапат некои од најголемите ѕвезди, кои засега не се именувани.

Владеењето на кралицата Елизабета почна по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ шести на 6 февруари 1952 година. Официјланото крунисување се случи на 2 јуни истата година.

 

03.06.2021 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега