Шакира проговори за депресијата: Децата не можеа да ме гледаат
Латино ѕвездата Шакира пред четири години имала сериозни проблеми со гласните жици, а дури сега проговори за тој тежок период од животот.
Сериозното крварење на гласните жици, вели, довело до депресија. Едно време не можела да говори, па со децата и со партнерот Џерар Пике разговарале преку гестикулации.
-Никогаш не мислев дека од сите работи ќе ме напушти гласот кој е толку вкоренет во мојата природа. Тој е мојот идентитет, а неможноста да пеам беше неиздржлива, изјави Шакира за Гардијан.
Откри дека во тој период страдала од депресија.
-Беше многу тешко да се биде во моја близина, мојот сопруг тоа го преживеа потешко од мене. Некои денови не можев да станам од кревет зашто препуштив депресијата да ме обземе. Децата не можеа да ме гледаат зашто не знаеја што ми се случуваше, вели таа.
Лекарите ја советувале да оди на операција, но гласот ѝ се вратил пред да отиде под нож. Поради проблемот со гласните жици морала да ја откаже турнејата Ел Дорадо за 2018 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа