Семејна драма во Струга: Направил хаос во куќата и со нож му се заканувал на братучедот
Семејна драма во куќа во Струга. 42-годишник со остар предмет му се заканувал на својот братучед, а ја кршел и покуќнината.
-Вчера во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.К.(42)од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
09.01.2025 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа