Се појавила во проѕирен фустан кој ѝ ги откривал градите, па изјавила: „Луѓето секако ги гледаат моите гради“

 

Белгиската актерка Саломе Деваелс не ѝ беше многу позната на јавноста надвор од границите на својата земја, но преку ноќ стана најактуелна тема во бројните светски медиуми поради своето модно издание.

Актерката во подем која моментално престојува во Венеција поради филмскиот фестивал, се појавила на црвениот тепих на престижниот настан во издание кое ги украло сите погледи.

Деваелс носела фустан чиј горен дел бил целосно проѕирен, а под истиот не носела градник. Нејзиното издание „Vanity Fair“ го прогласи за најхрабро досега на овогодишниот филмски фестивал.

Градите делумно ѝ биле прекриени со извезени златни детали, а таа спремно и самоуверено позирала пред фотографите.

„Луѓето секако ги гледаат моите гради на филм, па зошто тогаш не би ги покажала и на црвениот тепих“, искоментирала актерката пред собраните новинари.

На фестивалот во Венеција, Саломе се претстави со филмот „Illusions Perdues“ во кој ја толкува една од главните улоги.

08.09.2021 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега