Се појави на сцена со „стомак до заби“- Карди Би го украде шоуто на БЕТ-награди 2021

 

Раперката Карди Би беше во центарот на вниманието на синоќешната церемонија на доделување „БЕТ авордс“ за 2021 година кога покажа дека очекува второ дете.

„БЕТ авордс“ (Black Entertainment Television) се награди кои им се доделуваат на Афроамериканци и припадници на други заедници во САД, започнувајќи од 2001 година. Добитниците ги бираат членови на БЕТ- академијата, која ја сочинуваат професионалнци, новинари и фанови.

28-годишната пејачка се искачи на сцената со изненадувачката изведба на хитот на Мигос, Type S**t, во елегантно светликаво боди со отвор што го открива нејзиниот труднички стомак. Таа исто така се огласи на Инстаграм со фотографија од нејзиното тело, откривајќи дека чека второ дете со Офсет.

Јасно е дека има многу за славење, таа исто така постигна две победи за нејзиниот контроверзен хит WAP – на кој соработуваше со Меган Д Сталион – за видео на годината и најдобра соработка, додека Меган освои уште две награди.

Карди Би и Офсет се запознаа на почетокот на 2017 година, го врзаа јазолот тајно во септември истата година.

Макфакс

28.06.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега