САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод Денот на човековите права, што се одбележува денеска, го повика светот да се обедини во борбата против, како што наведе, „диктаторските режими“.
-Годинашниот Ден на човековите права беше проследен со ужасни фотографии од сириските затвори и центри за тортура што беа отворени по бегството на (сирискиот претседател Башар ал) Асад. Луѓето беа понижувани таму многу години. Мажи и жени се тепани, мачени, силувани. Илјадници и илјадници луѓе поминаа низ оваа фабрика на насилство, напиша Зеленски на Телеграм, пренесен од украински Интерфакс.
Зеленски изјави дека режимот на Асад со децении се потпираше исклучиво на насилство и оцени дека „такви се сите режими поддржани од рускиот претседател Владимир Путин“.
Тој потсети на затворите и „неописливото насилство“ и другите злосторства на украинските територии окупирани од руските сили.
-Затоа ние, Украинците, сме толку трогнати кога гледаме Сиријци како излегуваат од затворите и маченичките одаи на Асад. Асад и Путин не се само вазали и господари. Тие се соучесници во насилството. Диктаторите како Асад не можат да опстанат без диктатори како Путин. А Путин ќе се обиде да се одмазди за падот на Асад, наведе Зеленски.
Украинскиот претседател го повика светот да се обедини во спротивставувањето на режимите кои, како што рече, „сеат понижување и зад себе оставаат само страдања, болки и урнатини“.
-Со помагањето на Украина во борбата против руската диктатура, меѓународната заедница им помага на многу други региони во светот да ја вратат безбедноста, додаде тој во пораката по повод Денот на човековите права.
-Мора да има казна за грозоморни злосторства и кршење на човековите права. Всушност, само Путин и Асад заслужуваат да бидат во затвор, а не оние невини луѓе кои се затворени со години, заклучи украинскиот претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа