Руска докторка открива: Оваа намирница е „мелем“ за срцето
Оваа житарка содржи многу фосфор, неопходен за кардиоваскуларниот систем, забната глеѓ и коскеното ткиво.
Секој знае дека јачменот е една од најздравите намирници, но постои посебен вид на овие житни култури што има уште подобар ефект врз човечкото тело, а е особено ефикасен за правилно функционирање на срцето.
Руската лекарка Олга Курорва вели дека бисерниот јачмен е неверојатно корисен за здравјето. Оваа житарка содржи многу фосфор, неопходен за кардиоваскуларниот систем, забната глеѓ и коскеното ткиво.
Овој минерал е неопходен за нормална работа на срцевиот мускул, а неговиот недостаток во телото доведува до нарушување на леукоцитната хемотакса, зголемена чувствителност на еритроцитите и тромбоцитна дисфункција.
„Покрај тоа, јачменот содржи калиум, калциум, железо, вредната аминокиселина лизин, која го стимулира производството на колаген. Тоа е протеин кој директно влијае на изгледот и здравјето на нашата кожа, поради што јачменот се нарекува „житарица на убавината“ , вели докторката.
Таа, исто така, истакна дека јачменот е диетална храна која содржи многу малку маснотии – 1,1 g на 100 g. Единствените луѓе на кои не им се препорачува оваа житарка се оние кои се нетолерантни на глутен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа