Роденден во Шутка: Два подароци за младиот Бајрам - немој да го возиш над 150км на час
Внукот на покојниот Амди Бајрам, Валентин денеска го прославува 20. роденден, а од својот татко Гарбиел доби два подароци.
Станува збор за два мотори марка „априлија“. Едниот мопед од 50 cc, а вториот, според фотографиите, може да се забележи дека станува збор за поголем спортски мотор.
Како што напиша Габриел на Фејсбук, Валентин требало да избере еден од двата мотори, но едниот бил со услов, а другиот без услов.
„За овој 20-ти роденден, ти купив две подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов а вториот е со услов.
Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега!
Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе а сведок сакаме да е Аллах.
Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете...
Сине се плашам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија:
1. Нема да возиш повеќе од 150 на час
2. Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење
3. Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг
4. Ќе го почитуваш дадениот збор“, напиша Габриел на Фејсбук.
Според фотографиите што ги објави Валентин може да се заклучи дека тој се одлучи за поголемиот мотор, за кој доби и услови како да го вози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа