Пронајдени неексплодирани убојни средства во близина на границата со Грција

Кај селото Моин, гевгелиско, во близина на границата со Грција, вчера биле пронајдени стари неексплодирани убојни средства, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информацијата, веднаш бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР) Струмица, кој безбедно ги отстранил неексплодираните убојни средства.

Од ЦУК апелираат до граѓаните кога ќе најдат неескподирани убојни средства од минатите војни да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК за нивно безбедно неутрализирање според стандардни оперативни постапки. 

05.07.2024 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа