Приведен тинејџер од Битола - полицијата дома му пронајде марихуана
Вчера во 16:20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
27.02.2025 - 18:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа