Припадник на МВР повреден на стрелиште
53-годишниот Ј.Г., припадник на МВР, е здобил со повреди вчера во 14:5 часот на армиското стрелиште „Пенуш“ во Штип, при изведување на обука - боево гаѓање. Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.
24.12.2021 - 17:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа