Прегазено дете во Тетово, со тешки повреди пренесено во болница

 


Вчера во 17.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Видое Смилевски Бато" во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови" во Тетово, патничко возило „голф" со тетовски регистерски таблици, управувано од Е.Ј.(31) од с.Челопек, удрило во малолетник од с.Сараќино.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

22.03.2025 - 14:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега