Познат идентитетот на жртвите од вчерашната сообраќајка на патот Битола - Прилеп
Вчера во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај надвозникот за с.Кукуречани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола и товарно возило „ивеко" со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, општина Кривогаштани.
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д.(42) од Велика Британија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид, во присуство на јавен обвинител, извршила увидна екипа на СВР Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа