Полицијата тресеше низ Скопје - Приведени три лица

 

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера на подрачјето на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, презеле истражни  дејствија и извршиле претреси на дом и други простории кај лицата И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21), тројцата од Скопје.

Како што оопшти денеска МВР, при претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член и во врска со чл. 215 од Кривичниот законик, при што истите се лишени од слобода  и против нив од страна на ЕНТ СВР Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка до ОЈО Скопје.

Судија на претходна постапка на сите тројца пријавени им одредил мерка притвор од 30 дена. 

01.04.2025 - 08:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега