Пензионер нашол граната на Водно па си ја зел со себе
На 30 март во 14 часот и 11 минути, полицијата во Скопје добила пријава за пронајдена граната на Водно.
МВР информира дека во СВР Скопје, 71-годишниот З.Н. од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка.
01.04.2025 - 08:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа