„Ова е доказ дека сум вонбрачен син на принцот Чарлс“ - Австралиецот уште еднаш го запрепасти светот
Сајмон Доранте-Деј, кој веќе со години се обидува да докаже дека е вонбрачен син на принцот Чарлс и неговата сегашна сопруга Камила, објавил уште една фотографија на Фејсбук за која тврди дека повеќе од јасно ја потврдува неговата приказна.
Сајмон Доранте-Деј (55), кој веќе со години тврди дека е син на британскиот принц Чарлс (72) и војвотката Камила (73), зачнат и пред најстариот син на кралицата Елизабета Втора да биде во брак со покојната принцеза Дајана, сега на Фејсбук објавил уште еден наводен доказ за своите тврдења, не отстапувајќи од идејата да го убеди светот дека тој по Чарлс е следен на ред да го наследи тронот на Британија.
Станува збор за фотографија, која Доранте-Деј ја поставил на Фејсбук, што не е прв пат да направи слична работа, сакајќи со разноразни фотографии да ја докаже својата физичка сличност со членовите на кралското семејство.
Овој пат објавил фотографија од себе и својата наводна мајка, Камила Паркер Боулс.
„Ако не можете да видите, тоа значи дека навистина не гледате", напишал Доранте-Деј покрај фотографијата, алудирајќи на тоа дека сличноста меѓу него и Камила е недвосмислена.
Тој најнов пост предизвикал лавина од коментари од неговите фанови на социјалните мрежи.
„О, боже, сличноста е неверојатна, иако мислам дека го имаш носот на Чарлс", гласи еден од коментарите на луѓето воодушевени од тоа што Сајмон го прави со години.
Најновиот потег на Сајмон доаѓа откако тој не многу одамна со фотографија од својот син Лиам се обидувал да докаже колку тој личи на кралицата Елизабета Втора кога била во своите 20-ти години.
Инаку, тој тврди дека зачнат кога принцот Чарлс имал 17, а Камила 18 години, откако се запознале и заљубиле на прв поглед. Наводно Камила била принудена по породувањето во 1966-та година да се откаже од детето, бидејќи веќе било планирано Чарлс да се ожени со Дајана.
Како што раскажал, него го посвоиле Винифред и Ернест, кои работеле како готвачка и градинар за кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, а кои, како што тврди Сајмон, многу пати му кажале дека е плод на љубовта меѓу Чарлс и Камила.
Инаку, Сајмон и преку суд се обидел да го натера Принцот Чарлс да направи ДНК тест, за да се потврди веродостојноста на неговата приказна, но од кралското семејство никогаш не ги прокоментирале овие навои.
Тој живее во Австралија и има девет деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа