Ослабениот Ким Јонг Ун ја воодушеви американската водителка: Таа го споредила дури и со Бајден
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун сега е пофален од страна на една конзервативна американска куќа поради своето неодамнешно претставување на виткото тело.
„Тој изгледа добро", рекла Ракел Кампос-Дафи за Фокс Њуз прегледувајќи ги фотографиите од лидерот од воената парада оваа недела.
„Жал ми е, изгледа подобро од нашиот претседател".
Таа отишла толку далеку со коментарите што дури предложила и нов надимак "слабиот" Јонг Ун.
„Тој е во форма, забавен е и фашист!", рекла за Фокс Прајмтајм.
Забелешките не поминале добро на социјалните мрежи. Иако намалувањето на тежината на диктаторот беше предмет на други медиуми, нејзиното споредување со Бајден и лежерните пофалби кои ги упатила за фигурата на Ким биле преминување на границите за многумина.
“He does look good. I’m sorry, he looks better than our president” — Fox News’ Rachel Campos Duffy on Kim Jong Un pic.twitter.com/KhemkqPk5d
— Aaron Rupar (@atrupar) September 10, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа