Ограбена српска блогерка: Крадците украле предмети во вредност од над 300.000 евра
Ограбен е станот на српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ во Париз, јавуваат тамошните медиуми.
Крадците низ прозорец влегле во нејзиниот стан додека таа не била дома. Се проценува дека украдените предмети се во вредност од околу 300.000 евра. Украдени се нејзините часовници, дизајнерски торби и други луксузни работи. Тамара засега не се огласи јавно за грабежот.
Таа детството го поминала во Нови Сад, едно време живеела во Лос Анџелес, а сега на Инстаграм пишува дека живее на релација Лондон – Париз. Во 2019 година Тајмс ја смести меѓу топ 100 инфлуенсерки во светот.
На социјалната мрежа ја следат милион луѓе, а веќе со години го пишува блогод „Glam&Glitter“.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа