Нова жртва на македонските патишта: Украински камион удри во „пежо“ кај Струмица

 

46-годишник од Струмица загина вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат кон селото Дабиле. Како што соопшти полицијата, во „пежото“ кое го управувал удрил камион со украински регистарски таблички.

-Вчера околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, велат од МВР.

 Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

 

16.02.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега