Нов пар на повидок? Анџелина Џоли и Викенд на интимна вечера

 

Анџелина Џоли и Д Викенд (31) ги подгреваат шпекулациите за наводна романса, пишуваат таблоидите додавајќи дека биле забележани повторно заедно на вечера во романтичен ресторан во Лос Анџелес.

И претходно летово беа видени заедно во неколку наврати.

Уште еден доказ за наводната врска меѓу Џоли (46) и канадскиот пејач (31) е вечера за двајца во „Џорџо Балди“ во Санта Моника во саботата.

Актерката, мајка на шест деца, и канадскиот пејач поминаа два и пол часа во приватниот дел од луксузниот италијански ресторан.

Џоли пристигна во ресторанот одделно од Д Викенд (роден како Абел Тесфаје, но замина со него по оброкот).

 Макфакс

 

27.09.2021 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега