ФОТО: За четири месеци ослабел 20 килограми и заработил 50.000 долари
Мет Мининг, 45-годишен инженер од градот Ксенија во американската сојузна држава Охајо, за четири месеци ослабел 20 килогрмаи, предизвикувајќи неверојатна трансформација на своето тело.
Тој решил да почне да вежба откако еден ден почуствувал силна болка во градите, по што се онесвестил.
Првиот чекор што го направил било да се пријави на натпревар на една интернет страница посветена на боди билдинг, на кој првата награда изнесувала 50.000 долари.
Поттикнат од желбата да ослабне и од премијата, Мининг за четири месеци интезивно вежбање загубил 20 килограми и ги освоил 50-те илјади долари.
- Децата ми велат дека изгледам како супер јунак. Ќерка ми вели дека на старите фотографии изгледам мизерно, изјави Мининг.
Кога почнал да вежба имал 96 килограми, а откако вовел драстични промени во исхраната и започнал со редовно вежбање, се променила и неговата здравствена состојба - му се намалил колестерол, а маснотиите во телото од 26 отсто ги свел на само пет проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа